Sunday, June 13, 2010

d nEw fOrM_0.10

кога играта на децата
е како ветрот
додека старецот му матира
на пријателот..

биењето на коцките
го прават плоштадот музичка кутија
излегуваат од таму
сите кои заборавиле да спијат.

поминува трагата како агент на
постоењето,
остави мисли,
закачени како канваси
на соновидни ѕидови.

ветровити почетоци,
луцидни размени на договори,
разговори,

шепоти за..

изгубените лисја што еден ден стануваат кревет
за заљубените птици.