Sunday, June 13, 2010

d nEw fOrM_0.10

кога играта на децата
е како ветрот
додека старецот му матира
на пријателот..

биењето на коцките
го прават плоштадот музичка кутија
излегуваат од таму
сите кои заборавиле да спијат.

поминува трагата како агент на
постоењето,
остави мисли,
закачени како канваси
на соновидни ѕидови.

ветровити почетоци,
луцидни размени на договори,
разговори,

шепоти за..

изгубените лисја што еден ден стануваат кревет
за заљубените птици.

Tuesday, June 2, 2009

unknown 2B bloG.II

поврзување.
помеѓу ова и она другото.
врска на точки во денешниот ден.















ако ја имаш кликнато сликата и не си видел ништо освен неа, играта продолжува овде.

ако остана овде, го пишувам ова во се на се еден прекрасен јунски ден, кој преминува полека во пријатна квечерина.

по водата
на конекцијата via
тело врз кревет.

излез на почетокот на стрелката.
мравки го покажуваат патот до него. кревка линија по која се движиме до висинката од која се гледа хоризонтот на една полуосветлена пештера.
неколку колони
...и милијарди од нив, доаѓаат со мирен поглед.

некои гледаат сеуште кон излезот.

dok.S.има

само нека биде правилно.
кога би било се по редот на вонземното никогаш немаше да има незнаење. погледите
ќе говореа за се што треба да се случи.
убавините на кружното движење заедно со Сонцето и Месечината, ќе не водат на патот кон праисториската дома.
автомобиле ќе бидат нашите тела за патување кон...
документот.

do.(c).ip 'I